Барања за 100 милиони евра субвенции

Bez autora
Mar 25 2010

До 31 мај годинава земјоделците ќе можат да поднесуваат барања за субвенции за растително, сточарско и органско производство, за воведување стандарди за безбедност во производството и за осигурување на примарното производство. Оваа година програмата за финансиска поддршка е проектирана на 100 милиони евра, што е 46 отсто повеќе од лани. За хектар поледелски култури се предвидени 8.000 денари плус 2.500 ден. ако се користи сертификуван семенски материјал, за градинарско производство на отворено 20.000 денари и дополнителни 80.000 денари за оранжериско производство, за одржување на постоечките лозови насади 40.000 денари, за одржување на овошните насади 18.000 денари, за подигнати нови лозови насади 140.000 денари и за подигнати нови овошни насади 90.000 денари.

Барања за 100 милиони евра субвенцииДо 31 мај годинава земјоделците ќе можат да поднесуваат барања за субвенции за растително, сточарско и органско производство, за воведување стандарди за безбедност во производството и за осигурување на примарното производство.

Оваа година програмата за финансиска поддршка е проектирана на 100 милиони евра, што е 46 отсто повеќе од лани. Како што соопшти директорот на Платежната агенција, Тони Димовски, за хектар поледелски култури се предвидени 8.000 денари плус 2.500 ден. ако се користи сертификуван семенски материјал, за градинарско производство на отворено 20.000 денари и дополнителни 80.000 денари за оранжериско производство, за одржување на постоечките лозови насади 40.000 денари, за одржување на овошните насади 18.000 денари, за подигнати нови лозови насади 140.000 денари и за подигнати нови овошни насади 90.000 денари.

Сточарите ќе добијат 2.500 денари за грло говедо, 900 денари за овца, 800 денари за коза, 700 денари за маторица, 500 денари за презимено пчелно семејство, 1.700 денари за возрасен ној и 90.000 денари за хектар полжави.

Димовски очекува над 70.000 земјоделци да достават барања за споменатите мерки. Апликациите се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Димовски додаде и дека Агенцијата извршила обука на вработените во подрачните единици и ги дистрибуира материјалите за поднесување на барањата.

Агенцијата од тутунските претпријатија ги очекува списоците за откупениот ориентален ароматичен и полуориентален тутун, реколта 2009, со оглед дека законскиот рок за откуп заврши на 15 март. Димовски напомена дека вкупно 26.000 тутунопроизводители ќе добијат по 60 денари за килограм предаден тутун.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik